Историјат

Друштвото за градежништво Прогрес 1998 ДООЕЛ, с.Вруток – Гостивар е формирано во 1988 година, како Договорна организација на здружен труд (ДОЗТ) Врв Комерц – Гостивар, во 100% сопственост на лице поединец, со дејност нискоградба и завршни работи во градежништвото.

Со настанатите промени во регионот, а со цел усогласување со законите на Република Македонија, компанијата се пререгистрира и го менува името во Прогрес 1998 ДООЕЛ, с.Вруток – Гостивар, со дејност нискоградба и други неспоменати дејности.

Од формирањето во 1988 година, Друштвото систематски се развива и проширува.

Во текот на 1995 година добива одобрение за истраги за отворање на сопствен Каменолом.

По инсталирањето на опремата, каменоломот е отворен во 1998 година и започнува со произвоство на варовнички агрегати (фракции) за асфалт и бетон како и тампонски материјал (дробен варовник), кои се поткрепени со сертификати и А-тести за квалитет и употребливост, од страна на реномирани лаборатории во Македонија.

Во 2007 година со набавка на асфална база е релизирана и последната  цел за заокружување на целиот процес на производство на материјали за изградба на патишта.